На 17.10.2022 (понеделник) со почеток во 12 ч., во големата сала на општина Охрид ќе се одржи завршниот свечен настан од овогодинешниот циклус на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) на кој ќе биде доделено највисокото признание на програмата ЦКА-ПХВ – пехар на младите на Црвен крст Охрид за најуспешни и најквалитетно изработени проекти.
На свеченоста младите на Црвен крст Охрид ќе ги презентираат хуманитарните проекти кои ги
изработија во овој ПХВ циклус и преку кои помогнаа семејства во социјален ризик од општина Охрид и тоа: работеа со деца од социјално загрозени семејства, правеа еколошки активности, подготвуваа мултиетнички хор со ученици од различни националности, па дури изградија нов дом за едно социјално загрозено семејство.
Се очекува присуство на претставници од сите организации на Црвен крст на Македонија кои учествуваа во овогодинешниот ПХВ циклус, како и на Градоначалникот на Охрид.