Информативно патување во Струга и Охрид на петнаесетина амбасадори од Косово во реализација на амбасадорката Шпреса Јусуфи и Агенција за промоција и поддршка на туризмот.
Гостите чиј домаќин беше директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски се запознаа со убавините на двата туристички центри.
Тие ги посетија главните културно-историски споменици, црквата Св. Богородица Перивлепта, музејот на икони, куќата на Робевци, се запознаа со изработката на охридските бисери, а имаа и презентација на производството на хартија. Туристичката дипломатија многу често има поголем ефект во промоцијата на една земја – информира Јаневски.