Денеска започна поставувањето на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух. Станицата е поставена на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“.
Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух и ќе биде управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со овој уред ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување, што е од особено значење за жителите на Охрид – информираат од Локалната.
Вредноста на мониторинг станицата е околу 100.000 евра, а средствата се обезбедени од МЖСПП. За поставување на станицата се обезбедени сите потребни одобренија и дозволи, согласно законската регулатива.