Екипи на ЈП „Нискоградба” изведуваат нова фекална канализација на крак од улица „Ариф Мустафа”во должина од 110 метри.
Со овој зафат се решава долгогодишен проблем кој го имаа жителите од оваа улица.
Вредноста на проектот изнесува околу 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.