Skip to main content

Закрепнуваат македонските аеродроми

Македонските аеродроми полека закрепнуваат од Ковид пандемијата. Првите девет месеци од годината завршија со 1.8 милиони патници. Како што информираат од ТАВ Македонија, зимскиот распоред на летови 2022/2023 година на двата македонски аеродрома ќе почне на крајот од октомври и според досегашните информации од авиокомпаниите, нема да има значителни промени во бројот на дестинации.
 |  инфодеск  | 
Скопски аеродром

Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, забележаа силно закрепнување на патничкиот сообраќај во првите 9 месеци од 2022 година, со што достигнаа вкупно 1,8 милиони патници (1.811.168) и 14.823 летови, од јануари до крајот на септември.

Скопски аеродром

Постпандемиското закрепнување на патничкиот авиосообраќај, на македонскиот пазар силно се почувствува со почетокот на третиот квартал од 2022 година. На охридскиот аеродром, за 9-те месеци од 2022 година, најфреквентна дестинација за патување е Виена со 17,9% пазарен удел, додека на скопскиот аеродром, од јануари до септември е Истанбул двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 13% пазарен удел.

Во однос на учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници од јануари до септември 2022 година.

Туристи охридски аеродром

Како што информираат од ТАВ Македонија, зимскиот распоред на летови 2022/2023 година на двата македонски аеродрома ќе почне на крајот од октомври и според досегашните информации од авиокомпаниите, нема да има значителни промени во бројот на дестинации.

Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид пак 8 авиокомпании (Wizz Air, Edelweiss, Chair Airlines, TuiFly, LOT, Germania Flug, Arkia) летаат до вкупно 12 дестинации, вклучувајќи ги редовните и сезонските. Од Меѓународниот Аеродром Скопје до вкупно 43 редовни и 4 сезонски дестинации летаат 15 авио компании.

Аеродроми признание

Во 9-те месеци од 2022 година, ТАВ Македонија има пораст од 82% на патничкиот сообраќај во однос на истиот период од 2021 година, додека во однос на 2019 година, која се смета за референтна година во воздухопловството, нивото на патничкиот сообраќај е – 12%.

Охридски аеродром