Министерот Јанакиески на Форум „Визија 2023“
Јанакиески вчера се обрати на министерската сесија на Форумот и ја презентираше Програмата на Владата за инвестиции во стратешките инфраструктурни проекти за периодот од 2009 до 2016, Националната транспортна стратегија на Република Македонија, проектите за целосна изградба на Паневропските транспортни коридори осум и десет на територијата на државата и за тековните активности насочени кон подобрување на транспортната инфраструктура.
На Меѓународниот Форум учествуваат министри и делегации од повеќе од 20 земји.
Транспортниот Форум во Истанбул се одржува секоја година и се фокусира на клучните прашања на денешницата од областа на транспортот.
Десеттиот транспортен форум во Истанбул има за цел да понуди соодветни одговори за последиците од економската криза во одделните сектори на воздухопловството, патниот сообраќај, железничкиот сообраќај и електронските комуникации.
{loadposition content9}