На 18.10.2022 во 19:40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Охрид–Струга, се случил пожар во возило во движење „Форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(60) од селото Слепче, демирхисарско, во кој нема повредени лица.
Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.