Skip to main content

Лишен од слобода

Бугарски државјанин фатен со два ножа во ТЦ АМАМ

22-годишен бугарски државјанин е лишен од слобода откако полициските службеници кај него пронашле два ножа.
 |  инфодеск  | 
Лице фатено со нож

На 19.10.2022 во 11:00 часот во трговски центар „Амам” на булеварот ,,Македонски Просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.

При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје. Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид – информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.