Обуки за скипери и јакнење на активен туризам
Обука за запознавање со едрење е најновата активност на Едриличарската Федерација на Македонија, организирана во соработка со едриличарските клубови од Охрид, Струга и Скопје на кој може да учествуваат сите лица над 16 годишна возраст по претходна пријава.
Овој двочасовен настан за бесплатна обука на скипери ќе се одржи оваа недела, на 23-ти октомври со почеток во 11:00 часот на Градските пристаништа во Охрид и Струга.
„Овoј настан повеќе е насочен за едрење со големите едрилици, насочен да се добие основно познавање, што значи едрењето, а од таа група кандидати ќе се изврши селекција, кои ќе добијат квалитетна обука за едрење на големи едрилици. Со што во иднина тие ќе може да се ангажираат за комерцијално едрење со туристи да се зголеми и понудата на производи од активен туризам.“, вели Будимир Соколовиќ од Едриличарската Федерација на Македонија.
Поканети се да се пријават сите заинтересирани, средношколци, студенти и други лица кои бараат можност за остварување дополнителни приходи во текот на летната сезона. Кандидатите кои ќе ја поминат првата селекција ќе добијат напредни обуки за едриличари кои ќе ги вршат првите десетина сертифицирани инстурктори во државава.
„Од страна на ИССА се извршија обуки за сертифицирање на инструктори за едрење на која присуствуваа десетина скипери од Охрид, Струга и Скопје. Едриличарската федерација на Македонија ќе биде акредитирана во име на ИССА да издава лиценци за едрење. Обуката ќе ја вршат веќе сертифицираните инстрктори за едрење.“, потенцира Соколовиќ.
Оваа обука на млади скипери е ко-финансирана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка со крајна цел зголемување на бројот на лиценцирани скипери.