Skip to main content

Свр охрид

Кривична пријава за кривично дело затајување

Кривична пријава против 41-годишник со привремен престој во Охрид поради „затајување“. Тој се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.

Тој на 21.09.2022 година, неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информира портпаролот на секторот.