Денес во Белград, ден на жалост
Денес, со одлука на Градската управа, во Белград е ден на жалост, по повод смртта на францускиот државјанин Брис Татон, кој на 17. септември беше претепан од група белградски хулигани.
Брис Татон
Денес, со одлука на Градската управа, во Белград е ден на жалост, по повод смртта на францускиот државјанин Брис Татон, кој на 17. септември беше претепан од група белградски хулигани.
Денот на жалост го прогласи градоначалникот на Белград, Драган Џилас.
Државните знамиња на сите организации и институции се спуштени на половина копје.
Музеите, театрите и кината, како и радиодифузните организации денес ги имаат прилагодено содржините и програмите кон Денот на жалоста.
{loadposition content9}