На 21.10.2022 година во 09:40 часот во СВР Охрид приведени се А.Ј.(41) од Охрид и Б.М.(32) од струшкото село Татеши.
Тие во близина на бензиска пумпа на булеварот „Железничка” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.