Skip to main content

23 октомври

Ден на македонската револуционерна борба

Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун.
 |  инфодеск  | 
23 октомври

Денеска Македонија го чествува 23-ти октомри, Денот на револуционерната борба.

Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на организираното македонско револуционерно движење и револуционерна борба за државност и ширење на идејата за создавање сопствена, самостојна и независна држава.

Зачетокот на револуционерното македонско движење, преку Илинденското востание и Крушевската Република до славните епопеи од народноослободителната борба и АСНОМ, доведоа до создавање современа демократска самостојна и суверена македонска држава.

Нека е вечен Денот на македонската револуционерна борба!