Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк, по повод 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба.

Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ, здруженија, политичките партии и граѓани од Охрид.
23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба свечено беше одбележан во Спомен куќата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов.
