Skip to main content

Народен театар охрид

Последни репризи на Секс лаги и љубомора

Организаторите информираат дека ова се последните репризи на претставата за оваа година, затоа резервирајте си карта на време, на телефонскиот број 046/261-063. 
 |  инфодеск  | 
Претстава

Во четврток и сабота (27 и 29 октомври) со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ повторно ќе се одигра претставата “Секс, лаги и љубомора”.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски, Адриана Билаловиќ Тодороска, Билјана Билаловиќ Вељаноска, Елизабета Стефаноска и Марија Новак. Претставата е во режија на Коле Ангеловски.

Организаторите информираат дека ова се последните репризи на претставата за оваа година, затоа резервирајте си карта на време, на телефонскиот број 046/261-063.