Физички напад
Охриѓанец нападнал 26-годишна девојка
Охриѓанец физички нападнал 26-годишна девојка во близина на казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 23.10.2022 година во СВР Охрид е пријавено дека во 22:25 часот, во близина на казино на ул.„Абас Емин” во Охрид, Р.К. физички ја нападнал Б.М.(26), двајцата од Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


