Радојца новичиќ
Подигнати 72м3 кабаст и зелен отпад
Подигнати беа 72м3 кабаст и зелен отпад од УЗ 14 Радојца Новичиќ. Екипите на јавна чистота темелно ги расчистија јавните површини во Подмоље.
Уште една успешна акција на ЈП „Охридски Комуналец“ која што изминатиот викенд беше реализирана во У.З.14. Радојца Новичиќ.
Подигнати беа 72м3 кабаст и зелен отпад од оваа урбана заедница. Екипите на јавна чистота темелно ги расчистија јавните површини во с.Подмоље. Отстранета е ниската и дива вегетација од тротоарите, уредено е јавното зеленило и подигнат е расфрланиот отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.




