Skip to main content

Турција

Уапсени 10 новинари од прокурдски медиуми

Десет наши колеги се уапсени за време на акциите во Анкара, Истанбул, Ван, Дијарбакир, Урфа и Мардин, соопшти синдикатот ТГС на Твитер.
 |  инфодеск  | 
Полиција Турција

Во шест турски провинции денеска се уапсени десет новинари од прокурдски медиуми, една недела по стапувањето во сила на новиот закон за медиуми, соопшти Синдикатот на новинарите на Турција.

Десет наши колеги се уапсени за време на акциите во Анкара, Истанбул, Ван, Дијарбакир, Урфа и Мардин – соопшти синдикатот ТГС на Твитер, без да ги прецизира причините за апсењата.

Уапсените новинари работат за прокурдските новински агенции „Mezopotamya” и „Jinnews”.

Новиот турски закон за дезинформации значи дека оние кои се прогласени за виновни за намерно објавување дезинформации или „лажни вести”, за кои властите тврдат дека шират паника, ги загрозуваат безбедносните сили или целокупното здравје на турското општество, може да бидат осудени на затворска казна до три години.

Извор/МИА