Најмалку 10 жртви при удар на цунами по земјотресот на архипелагот Самоа
Најмалку 10 лица загинаа при удар на брановите цунами, кои се појавија како последица на силниот земјотрес што го зафати американскиот архипелаг Самоа, во Тихиот океан.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Најмалку 10 лица загинаа при удар на брановите цунами, кои се појавија како последица на силниот земјотрес што го зафати американскиот архипелаг Самоа, во Тихиот океан.
Земјотресот е регистриран со интензитет од 8,3 степени, објави Центарот за предупредување за бранови цунами за западното крајбрежје на САД и Аљаска.
Цунамито, освен што ги опустоши островите Самоа, ги зафати и бреговите на тихоокеанската држава Тонга.
Најмногу е погоден островот Ниватопутапу, кој граничи со Самоа.
Во Самоа бројот на жртвите изнесува најмалку 100, а во Американска Самоа 19. Бројот на загинатите и оние кои се водат за исчезнати продолжува да се утврдува.
Височината на брановите цунами, предизвикани од земјотресот, достигнала 4,5 метри.
Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Американска Самиоа и побара итно доделување федерална помош за загрозениот регион.
{loadposition content9}