Физички напад
Скопјанец нападал битолчанец во Охрид
Скопјанец физички нападнал 29-годишен битолчанец пред деловен објект на бул. „Македонски Просветители“. Се работи на расчистување на случајот.
На 24.10.2022 година околу 16 часот во близина на деловен објект на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.В.(26) од Скопје врз А.Г.(29) од Битола.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


