За случајот со лицето кое со спорна диплома лекувало пациенти, во здравствениот дом Др. Светозар Чочороски во Вевчани, полицијата постапува по насоки од јавното обвинителство кое отвори предмет.
Во врска со случајот во Вевчани, СВР Охрид презема мерки и работи по насоки на надлежното јавно обвинителство. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за што јавноста ќе биде навремено информирана – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
33-годишното лице работело во Итната медицинска помош при Здравствениот дом од 2016-та година се до пред неколку денови кога Лекарската комора утврдила неправилности во документацијата на студентот по медицина. Надлежните ја проверуваат веродостојноста на документацијата која лицето ја приложило при вработувањето. Младиот лекар е времено суспендиран.