Skip to main content

Проект „Нови можности за безбеден авантуристички туризам“

Подобрени условите за зимски туризам

Општините добија можности за економски развој. Со реализација на проект за прекугранична соработка со Албанија се формираа тимови за спасување на планина и вода , се набави современа опрема , возила за интервенции во зимски услови, се адаптираа објекти. Проектот го реализираше Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија .
 |  Валентина Неловска  | 

Успешно реализиран проектот „Нови можности за безбеден авантуристички туризам“ . Во изминатите три години со меѓуграничниот проект меѓу Македонија и Албанија финансиран од Европската унија носителите на проектот ЦК Охрид и АК Патагонија посветено работеа и создадоа услови за безбеден зимски туризам во регионот. Се формира Оперативен центар за спасување, се обучија тимови за планинската спасителна служба и спасителна служба на вода, се набави современа опрема и возила за интервенции во зимски услови, чамец за спасување на вода, се реновира планинарски дом. Исто така, е водена грижа и за еколошката заштита со поставување на фотоволтаични панели и пречистителна станица на планинарскиот дом во НП Галичица.
Реализиравме се што планиравме и покрај Ковид кризата која не затекна, информира Антонио Додевски, ракводител на Планинска спасителна служба и проект менаџер, појаснувајќи како течеле активностите за спроведување на проектот во текот на трите изминати години во сложени услови.

„Ги преместивме активностите кои може да се спроведат во првата година како што беа набавките за проектот. Обуките за спасување во живо ги одложивме за последната година и ги реализиравме. Непланирано спроведовме и многу други активности кои ни се наметнаа од ковид кризата. Оперативниот центар беше дел од општинскиот штаб на општина Охрид и ЦК при дистрибуција на обезбедената хуманитарна помош за сите граѓани. Нашите тимови ги примаа повиците и заедно со комбинирани тимови, покажавме дека сме флексибилни и може да прифаќаме поголем товар од она што првично ни е наменето“.

Марија Канелопулу, раководител на сектор за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка на Европската делегација во Скопје, истакна дека производите од планискиот туризам, инфраструктурата, градење на капацитети, возилата се од важност за економскиот развој на општините Дебрца и Грамш во Албанија.Преставникот на Европската делегација во нашата земја , упати честитки и им посака и други успешни проекти понатака. Со овој проект се реализирани активности за економски развој на регионот во Македонија и Албанија, а за кој ЕУ издвои 1 милион евра, напомена Канелопулу.

„Сега ова е безбедна област за оние кои сакаат да истражуваат , да се поблиску до природата и да спортуваат. Среќни сме што гледаме дека проектот има и еколошки апсект. Има поставено фотоволтаици на објектите, мониторинг систем во соработка со ренџерите од Националниот парк“.

Општина Дебрца беше еден од партнерите во проектот со кој доби современ, планинарски дом со 20 легла, опрема за делување во зимски услови и сигурност на посетителите со формирањето на Планинската спасителна служба за регионот. Дебрца има добри можности за зимски туризам , но за тоа се потребни услови кои сега се обезбедени, кажа Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца.

„Значајна е улогата на планинската спасителна служба која има изградено значаен капацитет за интервенции и спасување во услови на планина. Ние како општина од Охридскиот регион потпишавме меморандум за да ја поддржиме. Изостана финансиската поддршка, а треба да и се даде бидејќи е потребна за развој на планинскиот авантуристички зимски туризам“ укажа Ногачески.

На денешниот завршен, свечен настан каде што беа презентирани сработените активности од проектот учествуваа претставници од локалните општински и државни институции, Црвен крст , гости од Албанија