Skip to main content

Самит

Ohrid Blue Economy Summit

На 2-ри ноември, настанот почнува во 15 часот со обраќање на Градоначалникот на Охрид, а панелите траат до 19 часот.
 |  инфодеск  | 
Град Охрид

Од 2-ри до 3-ти ноември во Хотел Unique Resort, Охрид ќе се одржи самитот „Ohrid Blue Economy Summit“.

„Ohrid Blue Economy Summit“ е фокусиран на сината економија и е прв од ваков вид во регионот кој ќе се осврне на важноста на слатководните корита, фокусирајќи се на специфичните предизвици за одржливост во туризмот, земјоделството, производството и општинските сектори. Потврдени се 100 учесници и спикери од централната и општинската власт, експерти, меѓународни развојни институции и банки, кластер организации специфични за секторот и компании кои промовираат иновации во сини и зелени технологии – информираат организаторите.

На 2-ри ноември, настанот почнува во 15 часот со обраќање на Градоначалникот на Охрид, а панелите траат до 19 часот.

На 3-ти ноември, настанот почнува во 10 наутро, а завршува во 17 часот.