Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков присуствуваше на 9-та Дримска конференција која се одржа во Тирана, Албанија.
Програмата е од исклучително значење за обезбедување одржливо управување со сливот на Охридското Езеро, како и обезбедување на поголема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен. Се радувам што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и консолидирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања – информира градоначалникот Пецаков.