Општина
Основци од Св. Климент Охридски во посета на Дебрца
Основци од ООУ „Св. Климент Охридски“ денес беа во посета на Општина Дебрца. Нивната посета беше во рамки на предметот Историја и општество. Учениците беа пречекани од градоначалникот Зоран Ногачески.
Учениците од 4-то одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, во рамките на предметот Историја и општество денеска ја посетија Општина Дебрца.

Учениците ги запознав со личната карта на општината и одговорив на нивните прашања. Ми беше чест и големо задоволство да разговарам со нив и да бидам нивни домаќин. Прекрасни се сликите од мојот кабинет и влезот на општинската зграда, исполнети со детски насмевки – напиша градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.



