Skip to main content

Министерство за здравство

Зголемен интерес за имунизација од грип

Од следната недела започнува имунизација на терен, односно вакцинирање на лица од дом за стари и пациенти во дијализни центри.
 |  инфодеск  | 
Вакцина против грип

Зголемен интересот за имунизација од сезонски грип. Заклучно со вчера, во октомври биле аплицирани над 20.000 вакцини за сезонски грип, а преку Мој термин закажани се 39.000 термини за вакцинирање со точен датум и пункт, соопшти денеска министерот за здравство Беким Сали.

Министерот најави дека од следната недела започнува имунизација на терен, односно вакцинирање на лица од дом за стари и пациенти во дијализни центри. Со бесплатна вакцинација се опфатени граѓаните од ранивите групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца од 6 месеци до 6 години.

Од Министерството за здравство се обезбедени 40.000 вакцини против сезонски грип за ранливи категории население, а дополнителната количина од 20.000 дози е донирана од Организацијата за развивање на имунизацијата. Доколку има потреба дополнително ќе се набават уште дози.