Skip to main content

Стрелките ќе ги поместиме за еден час наназад

Викендов почнува зимското сметање на времето

Овој викенд стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2, а тоа значи дека започнува зимското сметање на времето.
 |  инфодеск  | 
Зимско сметање на времето

Викендов, 29-ти спроти 30-ти октомври започнува зимското сметање на времето.

Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

И покрај најавите за можно останување на летното сметање на времето, сепак Владата одлучи да нема промени во досегашното летно и зимско сметање на времето.