Skip to main content

Стрелките ќе се поместат еден час наназад

Вечерва почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
 |  инфодеск  | 
Зимско сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

И покрај најавите дека поради заштеда на електрична енергија може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак по направените анализи Владата одлучи да остане досегашниот систем.