Огромна карпа падна од рид и уништи две соби во крајбрежен хотел на грчкиот остров Крит, убивајќи една Словенка во сон, а нејзиниот мал син е повреден, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во раните утрински часови во студиото Маркос, семеен комплекс на соби за изнајмување на плажа, изграден под карпеста падина во Иерапетра.
Полицијата соопшти дека каменот уништил две соби. 51-годишниот сопруг на жртвата бил во друга соба и не е повреден, пренесува Ројтерс.
Под урнатините се затрупани 47-годишна жена и нејзиниот осумгодишен син.
Околу 50 пожарникари излегле на терен и успеале да го спасат момчето по еден час копање низ урнатините. Мајката на момчето била пронајдена мртва.