Skip to main content

Јп водовод охрид

Отстранети дефекти на водоводната мрежа

Екипите на ЈП „Водовод“ во текот на изминатите денови интервенираа на повеќе улици низ градот со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.
 |  инфодеск  | 
Водовод

Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 24-ти до 30-ти октомври, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети беа дефекти на следните улици: „Дејан Војвода” (4 дефекти), „Илинденска”, „Гоце Делчев” бр.8, „Мирче Ацев”, „Бистрица“, „Будва” бр.28, „Радојца Новичиќ” бр,374, „Славеј Планина“ бр.17, „Момчило Јорданоски ” бр.42, „Аџи Мустафа”, „Егејска“ – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.