Skip to main content

Јп градски пазар

Вандализмот наша секојдневна реалност

Вандализирана една од типизираните куќарки на Кеј Македонија која што е во сопственост на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.
 |  инфодеск  | 
Вандализирана куќарка

Синоќа, на Кеј Македонија беше забележан уште еден случај на вандализам, каде беше вандализирана една од типизираните куќарки, сопственост на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.

ЈП „Градски Пазар“ ги набави типизираните куќарки со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во центарот на градот, како и да се подобри урбаната слика на градот, но, жално е што ваквите вандалски појави се повеќе зачестуваат.

Апелираме на разум и негување на урбаната опрема,со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање на слика за нас како Охриѓани – велат од ЈП „Градски Пазар“ Охрид.