Skip to main content

Ваучери ќе има, но не оваа година

Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот на 2010 ќе направат напори да изнајдат средства за доделување на ваучери.

IVo Ivanoski
Иво Иваноски
Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот на 2010 ќе направат напори да изнајдат средства за доделување на ваучери

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски вчера се сретна со претставниците на координативното тело „Ти си Апсолвент – Ваучери“.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирано дека е настанато недоразбирање во однос на изјавата на министерот Ивановски, во која тој нагласи „дека во 2009 година нема да се доделуваат ваучери на апсолвентите поради светската економска криза и дека ќе се направат напори во текот 2010 да се изнајдат средства за доделување на ваучери пред тие да дипломираат“.
– Изјавата треба да се разбере единствено во контекст на фактот дека во календарската 2009 година, апсолвентите од генерацијата 2009/2010 година нема да ги добијат ваучерите. Како што и претходно беше кажано Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот 2010 ќе направат напори, иако тоа не е во програмата на Министерството и на Владата, да изнајдат средства за доделување на ваучери пред дипломирање на овогодинешните апсолвенти, се вели во соопштението.
Поради разрешените недоразбирања, протестите закажани за денес се откажуваат.

{loadposition content9}