Во четврток на 3-ти ноември ќе се реализира вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца.
Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.