Нарушен јавниот ред и мир
Тепачка на улицата Димитар Влахов
64-годишен охриѓанец нападнал 38-годишен сограѓанин на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.10.2022 година околу 11 часот на улицата „Димитар Влахов” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Љ.Н (64), врз Д.С.(38), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


