Skip to main content

Изиграни идните економисти во Струга.

Дисперзирани студии нема, настава ќе се одржува во Скопје. Поради оваа одлука денес родителите и студентите на протест.

 |  Колоска Билјана  | 
soopshtenie
соопштение

Дисперзирани студии нема, настава ќе се одржува во Скопје. Поради оваа одлука денес родителите и студентите на протест.

Наместо на час, студентите на дисперзираните студии на Економски факултет во Струга, денес со своите родители на протест. Запрепастени се од одлуката на деканот која вчера им ја соопштил на студентите. Наместо да стартуваат дисперзираните студии, деканот на Економскиот факултет им кажа на нашите деца дека настава нема да се одржува во Струга, туку тие мора да студираат во Скопје. Од оваа одлука разочарани и студенитите но и родителите.

протест„Јас го отпишав моето дете од факултетот во Охрид за да го запишам во Струга, за денес ми речат да го пратам во Скопје. Од каде пари да се снајдам со финансиски средства за да му овозможем  услови за студии во Скопје?“-вели родителот  Милчо Анѓеловски.

Како што кажуваат родителите, деканот за донесената одлука дал објаснување дека во просторот предвиден за одржување настава, нема соодветни услови,  но и дека поради малиот број на запишани студенти не им е исплатливо на професорите да доаѓаат во Струга. Родителите пак имаат спротивен од овој став.
„Услови има, како и за другите факултети така и за оваа насока. А за финансиски средства, Валдата може да помогне. Повеќе потроши пари за кампања за образование од колку што ќе вложи за да не се укинат дисперзираните  студии“-вели Илија Костадинов, родител на студент.

Родителите не се откажуваат. Велат по секоја цена ќе инсистираат нивните деца да студираат онаму каде се запишаа а тое е  во Струга. Очекуваат помош од Владата, во спротивно родителите највија протест пред истата.
Од Економскиот факултет од Скопје, ги потврдуваат информациите кои ги кажаа родителите, дека оваа година нема услови за дисперзирани студии во Струга. Причина, малку заинтересирани но и недостатокот на технички услови во Одморалиштето „Мајски Цвет“.
Од факултетот уште информираат дека студентите запишани во Струга ќе студираат во Скопје само оваа година, се додека се подобрат условите, каде од следнатаа година редовно ќе се одвива наставата на дисперзираните студии.
Од Министерството за образование пак  велат дека тоа е одлука на факултетот и тука неможат многу да влијаат. Ќе преговараме со претпоставените доколку може нешто да се смени, односно да не се укинат дисперзираните студии во Струга, велат од  ресорното министерство.

{loadposition content9}

Дисперзирани студии нема, настава ќе се одржува во Скопје. Поради оваа одлука денес родителите и студентите на протест.

Наместо на час, студентите на дисперзираните студии на Економски факултет во Струга, денес со своите родители на протест. Запрепастени се од одлуката на деканот која вчера им ја соопштил на студентите. Наместо да стартуваат дисперзираните студии, деканот на Економскиот факултет им кажа на нашите деца дека настава нема да се одржува во Струга, туку тие мора да студираат во Скопје. Од оваа одлука разочарани и студенитите но и родителите.

„Јас го отпишав моето дете од факултетот во Охрид за да го запишам во Струга, за денес ми речат да го пратам во Скопје. Од каде пари да се снајдам со финансиски средства за да му овозможем  услови за студии во Скопје?“-вели родителот  Милчо Анѓеловски.