Skip to main content

Совет на општина охрид

Живка Ангелоска најактивен советник

Живка Ангелоска е најактивен советник од говорницата во Советот на Општина Охрид. Ова го покажува Извештајот кој го изготви Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија” од Охрид. Здружението спроведува истражување за првата година од функционирањето на Советот преку преку проектот „Мојот советник под лупа“.
 |  инфодеск  | 
Живка Ангелоска

Живка Ангелоска e советник сo најголем број излагања од говорницата во Советот на Општина Охрид. Советничката и координатор на групата на СДСМ имала дури 43 излагања, покажува анализата на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија” од Охрид. Од здружението составија извештај за активноста на советниците во периодот од ноември 2021 до септември 2022 година.

По Ангелоска следуваат Ванчо Костоски од ВМРО – Народна партија, со 28 излагања.

Ванчо Костоски

Перчо Божиновски советник и кординатор на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ со 22 излагања.

Перчо Божиновски

Неговиот колега Сашо Донев претседател на совет со 21 излагање.

Сашо Донев

Бојан Михајловски советник од редовите на СДСМ со 20 излагања и Виолета Аврамоска од Левица, со вкупно 17 излагања.

Од останатите советници, Арбен Демироски како независен советник од заедницата на Египќаните  имал 9 излагања, Наум Јамандиев од ВМРО-ДПМНЕ 8, Деса Косаркоска дискутирала 7 пати, Ана Крстеска од ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Наумоски независен советник се пријавиле за 6 дискусии, Благородна Чулческа и Горан Маркоски од ВМРО – ДПМНЕ дискутирале четири пати, исто колку и советникот Александра Настоска Николоска од истата партија. Едно излагање имале Билјана Тодева Стојановска од Социјалистичката партија, Нефи Усеини и Бесник Османи од ДУИ, Стојан Митрески и Науме Јованоски од СДСМ, Кире Пердулоски од ВМРО-ДПМНЕ, Леона Кичеец независна советничка со нов мандат и Милена Грозданоска од НСДП.

Седница на Совет

Во однос на советничките прашања поголем дел од советниците и од позиција и од опозицијата поставиле по две прашања.

Без ниту едно излагање или поставено советничко прашање e Горан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ.

Виолета Аврамоска од Левица поднела иницијативи, предлог амандмани и прашања до службите во текот на седниците. Прашања до службите поставиле и советниците Горан Маркоски, Живка Ангелоска, Антонио Наумоски, Бојан Михајловски, Ванчо Костоски.  

Од Здружението Инклузија посочуваат дека ги подготвуваат овие анализи, не со цел да укажат на евентуален недостаток во работата на советниците, туку за да се зголеми информираноста на граѓаните во делот на застапувањето на нивните проблеми и потреби непосредно преку оние кои ги изгласале како нивни репрезенти во локалната власт.

На тој начин, сметаат дека ќе се зголеми отчетноста и транспарентноста на самите советници и дека ќе ги поттикнат да покажат подобри и поефективни резултати во периодот до наредните локални избори.