Општина охрид
Атлетичарот Стојоски на средба со Пецаков
Атлетичарот Јован Стојоски на средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Поддршката што му ја дава Локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел постигнување уште поголеми резултати, вели Пецаков.
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари средба со Јован Стојоски, атлетичар на атлетичарскиот клуб „Охрид“. Јован Стојоски досега има освоено десетина медали на престижни натпреварувања и митинзи.
На средбата разговаравме за неговите успеси, учеството на Олимписките игри во Токио и за претстојните натпревари. Поддршката што му ја дава Локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел постигнување уште поголеми резултати – напиша градоначалникот Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.



