Skip to main content

Порака нова

Интерконтинентален камп за млади претприемачи

Во Охрид ќе се одржи mPreneur школа, интерконтинентален камп за млади претприемачи кои развиваат мобилни апликации со социјален импакт, под наслов „TC Social mPreneur School.
 |  инфодеск  | 
Интернационален камп

Од 4-10 ноември во хотел Пела, Охрид, Порака Нова како лидер на проектот mPreneur организира интернационален настан во рамки на кој ќе учествуваат млади од Азија, Африка и Европа.

Во овој период ќе се одржи mPreneur школа – интерконтинентален камп за млади претприемачи кои развиваат мобилни апликации со социјален импакт, под наслов „TC Social mPreneur School: mLearning, Techpreneurship, and Sustainable Impact-making for young aspiring entrepreneurs”, кои ќе бидат дополнително обучени од универзитетски професори од Економскиот факултет Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле”, на теми како мобилно учење, нови технологии, социјално претприемништво.

На настанот ќе присуствуваат млади од Македонија, Кенија, Австрија, Филипини, Сингапур, Танзанија, Уганда и Романија.

Паралено ќе биде организиран и настан на жири комисијата од познатите WSA World Summit Awards светски познат настан кој избира и промовира локални дигитални иновации за подобрување на општествата. Учество ќе земат експерти од неколку Европски земји со цел да ги селектираат победниците и победникот на mPreneur гала настанот што ќе се одржи следната година во Грац.