Skip to main content

Кривична пријава

Велешанец ширел говор на омраза на фејсбук

Кривична за жител на Велес. На објавен пост на портал, од својот фејсбук профил постирал коментар со што поттикнувал омраза и насилство.
 |  инфодеск  | 
Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д.(61) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Тој, по објавен текст на еден интернет портал, од својот фејсбук профил постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.