ЗНМ реагира
Од ЗНМ реагираат на практиката да им суди и пресудува на македонските новинари, не затоа што напишале лаги и клевети, туку затоа што судот – судијата смета оти новинарот треба да биде казнет.
лого

„Тоа деновиве се случи со колешката Маја Михајловска, која не беше ни сослушана што има да изјави во своја одбрана – основно човеково право, а нешто слично му се случи и на новинарот Гоце Ристовски кој во функција на сведок бил довлечкан во Судот како последен криминалец“, се вели во реакцијата на ЗНМ.
ЗНМ изразува готовност да организира средба со судиите и обвинители и да ги спротивстави аргументите за ваквиот начин на делење правда.
„Немојте да нè принудувате правдината да ја бараме на улиците или уште полошо, во европските судови. Веруваме добро ви е познато какво е мислењето таму за нашето независно судство“, стои во рекацијата на ЗНМ.

{loadposition content9}