Денеска се одбележуваат 78 години од ослободувањето на Охрид.
Манифестациите за одбележување ќе започнат со свеченост за патрониот празник на ЈП „Охридски комуналец“ во 10:00 часот, а ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во Градскиот парк, Основниот суд, дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на градските гробишта.
Во с. Рамне ќе се одржи Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска. Од 11:00 часот во Спомен паркот на Револуцијата ќе биде положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци.
Централната свеченост е закажана за во 12 часот во општина Охрид. Ќе се обратат градоначалникот д-р Кирил Пецаков, пoтпретседателот на Сојузот на борци, Љубиша Машановиќ, а предвидена е и соодветна културно-уметничка програма.
Попладне од 17:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”. Свеченостите ќе бидат заокружени со концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“, во концертната сала на училиштето, од 18:30 часот.