Skip to main content

Oхриѓани порачаа да се намали сиромаштијата

Младите пак, побараа подобри услови за живот и отчетност на институциите за работата. Ова се дел од пораките кои охридските пратеници ги слушнаа на средбите со караванот „Собрание за граѓаните“ кој денес беше во Охрид.
 |  Валентина Неловска  | 
граѓани

Караванот „Собрание за граѓаните“ претстојуваше меѓу охриѓани. Четворицата охридски пратеници од позицијата и опозиција, Жаклина Лазареска и Лазо Танески од СДСМ , како и нивните колеги од опозициската Вмро Дампне, Лидија Петкоска и Грациела Бакраческа имаа средби со нивните сограѓани. Охриѓани им упатија пораки на народните избраници.Пратенците да работат во интерес на граѓаните, да се намали сиромаштијата, беа дел од пораките на охриѓани упатени до пратениците од Охрид. Целта на караванот е на средбите лице в лице да се слушнат проблемите, забелешките и потребите на граѓаните, кои пред две години ги избраа на парламентарните избори своите претставници за да ги застапуваат заедничките интереси на заедницата. Жаклина Лазаревска , напомена дека е задоволна од средбата со граѓаните. Посебен впечаток и оставила средбата со средношколците кои поставувале прашања и барале одговорнсот од инстутуциите за нивната работа.

Имаше прашања од младите дали ќе се среди еднаш работата на институциите и правосудниот систем во државата, за да останат да живеат ,а не да размислуваат да заминат надвор од Охрид и државата. Заклучивме дека треба сите да работиме. Со скринингот од ЕУ за нас почнува усогласување на нашето законодавство, но и работата на институциите и нивната отчетност. Верувам дека тоа ќе е вистинскиот правец за функционирање на државата“.

Лидија Петкоска, пратеник од ВМРО ДПМНЕ, укажува дека средбите со граѓаните се во насока да се слушнат пофалби и критки за нивната работа. Потсетува дека покрај овие средби, нивната партеничка група има и нивна канцеларија каде што граѓаните може да ги доставуваат сите забелешки и потреби.

„Ние сме во секојдневна комуникација со граѓаните , на средби или на телефон , и с е што било како предлог или амандман се изгласало. На пример, предлогот како што е изградба на велосипедска патека Охрид Струга. Поднесовме амандман се изгласа во Собрание, но е спорен. Министерот ја префрла топката на градоначалниците на Охрид и Струга. Она што е во наша моќ гледаме да им излеме во пресрет на граѓаните“.

Мобилниот парламентарен караван „Собрание за граѓаните“ се организира во рамките на „Програмата за граѓанска поддршка“. Станува збор за 10 годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка,а соподоршка од Швајцарската амбасада во земјава.