Во рамките на годишната програма за крводарителски акции на Црвен крст Охрид следува крводарителската акција со вработените од СВР Охрид.
Крводарителската акција ќе се реализира утре (09.11.2022) од 10 до 14 часот во просториите на СВР Охрид.
Уште еднаш да ја докажеме нашата хуманост како граѓани на Охрид – велат од Црвен крст Охрид.