Skip to main content

Меѓународната помош во Авганистан ја снемува

Осум години по паѓањето на режимот на талибанците, Авганистан останува црна дупка во која се влеваат милијарди долари меѓународна помош, без при тоа да има било каков реален напредок во државата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Afganistan
Афганистан

Осум години по паѓањето на режимот на талибанците, Авганистан останува црна дупка во која се влеваат милијарди долари меѓународна помош, без при тоа да има било каков реален напредок во државата.

KabulОва е оценка на аналитичарите, кои потсетуваат дека владите на западните држави одобриле 20 милијарди долари помош за развојот во Авганистан, од 2001 година па до денес.

И додека бројот на убиените странски војници достига рекорди, Авганистан се уште не бележи никаков развој, а потврда за тоа е главниот град Кабул, кој не располага ниту со основна инфраструктура.

Според аналитичарите, потврда дека политиката кон Кабул не функционира, се и последните извештаи на Транспаренси интернешнал, според кои Авганистан  е на петто место меѓу најкорумпираните држави на светот, а исто е и една од најсиромашните земји на планетава.




{loadposition content9}