Победа на ПАСОК, оставка на Караманлис
Караманлис претходно во телефонски разговор со својот најголем ривал претседателот на ПАСОК Јоргос Папандреу го призна поразот на својата партија, која беше на власт во последните пет години.
Според резултатите врз основа на 40 насто од преброените гласачки ливчиња на вонредните парламентарни избори што се одржаа во неделата социјалистите освоија 43,7 насто од гласовите, додека за Нова Демократија гласале 37,2 насто од избирачите.
Според првичните резултати Пасок во новиот состав на парламентот би можел да има 159 од 300 пратенички места, додека на Нова демократија би и припаднале 96 мандати.
Предвремените избори 53-годишниот Караманлис ги распиша на половина од својот втор мандат под притисок на бројни скандали во неговата влада и незадоволството порази економската криза во земјата.
Караманлис победи на изборите во 2004 година, по речиси дводецениско владеење на социјалистите во Грција.
{loadposition content9}