Skip to main content

Семејно насилство

Три лица нападнале 18-годишна девојка

Лишени од слобода три лица од струшко село. Тие нападнале 18-годишна девојка која била член на нивното семејство.
 |  инфодеск  | 
Насилство врз жена

На 08.11.2022 полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода А.Ш.(52), Ф.Ш.(43) и С.Ш.(20), сите од струшко село. 

Тие, во семејниот дом во селото, физички нападнале 18-годишна членка на семејството. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.