Skip to main content

Насилство

Жител на Ложани бил агресивен со сопругата

49-годишен жител на селото Ложани е лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно кон сопругата и други членови на семејството.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 08.11.2022 околу 09:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода П.Д.(49) од струшкото село Ложани.

Toj претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон други членови на семејството. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.