Skip to main content

Улица пролетерски бригади

Мајка ја нападнала својата ќерка во Струга

45-годишна жена од Струга доби кривична пријава откако на улица во градот ја нападнала и повредила сопствената ќерка, соопшти МВР.
 |  инфодеск  | 
Полиција

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Ф.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” при семејно насилство.

Пријавената, на 04.10.2022 на улицата „Пролетерски бригади” во Струга физички ја нападнала нејзината ќерка и ѝ нанела телесна повреда“, информираат од МВР.