Јп охридски комуналец
Ќе се подигнува зелен отпад во Видобишта
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 Видобишта.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 12.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.


