Skip to main content

Трагедија

Охриѓанец загина во сообраќајка кај Св. Еразмо

57-годишен охриѓанец загина во вчерашната тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Св. Еразмо. Повредени се 5 лица.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 10.11.2022 во 16:35 часот, на магистрален пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио” со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од струшко Велешта и патничко возило „поло” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид.

На местото на несреќата починал возачот Р.А., а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.П., возачот Г.Р. и сопатниците Б.Р.(42), Н.Ј.(43) и И.Ј.(32), сите од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.